Посетете ги...
Photobucket Photobucket
Влез

Си ја заворавив лозинката!

Latest topics
» Свадбите на славните
Нед Јун 10, 2012 12:31 am by Cinderella

» Кумови
Вто Апр 17, 2012 4:10 pm by Cinderella

» Невестински обувки
Чет Мар 29, 2012 10:43 am by Cinderella

» Предлози за аватари
Чет Фед 16, 2012 4:52 pm by Cinderella

» Избор на музика/песни
Вто Фед 14, 2012 10:29 am by Cinderella

» Идеи како да ја/го побарате за жена/маж
Нед Фед 12, 2012 5:41 pm by Cinderella

» Китенки за свадба
Пон Окт 31, 2011 11:10 am by Cinderella

» Девер
Пон Окт 31, 2011 11:07 am by Cinderella

» Бонбончиња за свадба
Пон Окт 31, 2011 10:53 am by Cinderella

» Корпи за бонбончиња
Пон Окт 31, 2011 10:40 am by Cinderella


Правилник на форумот

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Правилник на форумот

Пишување  Cinderella on Вто Мар 01, 2011 10:59 am

Добро ни дојдовте ..... Учеството на форумот е слободно и бесплатно.

Член 1
Строго се забранува било каков вид на спамирање.
Форумот Венчавка од соништата не е место каде што ќе биде толериран СПАМ-от. Бесплатното рекламирање на Вашата компанија, сајт, фирми или било што друго проценето од модераторите/администраторите како СПАМ ќе биде отстрането и ќе се смета дека вршите злоупотреба на форумот за лично рекламирање. Внимавајте како и на кој начин го истакнувате Вашиот вебсајт, компанија и др.
* (единственото нешто од линкови што нема да се смета за спам, ќе бидат линковите кои се поврзани со темите на форумот, а да не се линкови на исти такви теми од други форуми)

Член 2
Пишувањето пораки, односно учество на форумот можно е само за регистрираните корисници. Содржината на пораката од секој член е личен став на авторот на истата.
Администраторите и модераторите на форумот не даваат никакви гаранции за точноста, вистинитоста, законитоста, полноважноста, квалитетот, постојаноста, комплексноста и актуелноста на пораките на форумот. Но да ви напоменеме дека, форумот е јавен и дека ако има нешто кое не би сакале било кој да го знае не го пишувајте.

Член 3
Копирањето текстови од други сајтови е во ред, но само ако е потребно дополнително да се илустрира текстот кој го пишувате во пораката. Не е пожелно да се поставуваат пораки кои се само копија од некој текст.
Администраторите на форумот не ги штитат авторските права на било кој начин. Ова се однесува на текстови од корисниците и на преземените пораки. Сепак морална обврска на корисникот е кога пренесува нечиј текст да го наведе авторот.

Член 4
Национализам, сексизам или било каква друга дискриминација е строго забранета.
Дискриминација на било кој начин, спрема било кого (присутен или не присутен на овој форум) е забранета. Администраторите/модераторите нема да дозволат никаква дискриминација под никој услов.

Член 5
Внимавајте на својот јазик, бидете културни и почитувајте ги останатите членови.
Дајте го својот максимум да бидете културни и да ги почитувате останатите членови. Пишувајте јасно и разбирливо, не употребувајте некултурни зборови во своите мислења, потписи и др. Доколку не се сложувате со нечие мислење, не настапувајте агресивно, туку аргументирајте го и докажете го Вашето мислење.
Освен македонски, на форумот може рамноправно да се користи било кој дијалект или наречје од просторите на бивша ЈУ, а кој го разбираат поголем дел од корисниците на форумот.
Пожелно е да ги пишувате пораките на кирилица!

Член 6
Секое претерано форматирање на текст, користење на смајли, интерпункциски знаци и сл., ќе биде отстрането.
Никој од членовите не сака да чита мислења напишани со премногу форматиран текст. Одржувајте ги Вашите мислења кратки, јасни и прегледни. Користете форматирање на текстот само во посебни прилики и кога навистина има потреба од тоа за да го направите постот попрегледен.

Член 7
Забрането е пишување за неважни и постови кои не се поврзани со темата.
Потрудете се на дадена тема да одговорите соодветно и во контекст на темата. Не одговарајте со работи кои не се поврзани или да прашате сосема ново прашање кое ќе произлезе од темата. За да го поставите тоа прашање, едноставно - отворете нова тема и прашајте таму. Сите теми администраторите/модераторите ќе се потрудат да ги одржуваат како што треба и да не дозволуваат истакнување на непотребни постови во нив бидејќи тоа значи дека темата би станала непрегледна и тешко разбирлива.

Член 8
Сите порнографски содржини се забранети за постирање.
Секој материјал кој е поврзан на било каков начин со порнографијата ќе биде отстранет и членот ќе биде соодветно казнет за истакнување на таков материјал и директно прекршување на правилата.

Член 9
Строго е забрането постирање или било каква промоција на материјал кој нарушува авторски права и интелектуална сопственост.
Не потценувајте туѓ труд. Почитувајте ја туѓата работа и не ги нарушувајте авторските права и интелектуалната сопственост. Што се смета за нарушување на авторски права или интелектуална сопственост? Сето она што не е Ваше, а го објавувате како Ваше. (добро би било барем линк да ставете од каде сте го земале (искoпирале) тоа нешто)

Член 10
Апсолутно е забрането пишување за приватноста и податоците на друг член од форумот како и нарушување на неговиот идентитет. Во ова спаѓа: обраќање кон челенот со име - а членот е потпишан под симболичен ник (пример: се вика Сања,а е потпишана како Girl). Поставување на негови лични податоци и слики на форумот без негова дозвола.

Член 11
Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.
Администраторите и модераторите имаат ексклузивно право да го уредуваат форумот според сопствените убедувања, слободна процена, секако доколку дојде до бришење на вашиот пост/тема ќе бидете известени по ПП,со кратко образложение. Правилата се кратки и јасни и секој член треба да ги почитува. На барање на членот за додатно објаснување за некоја администраторска/модераторска постапка, админот/модераторот може, но НЕ е обврзан да даде објаснување.

Член 12
Секое непочитување на овој правилник или пак недолично однесување, ќе сноси своја последица, каде што членот ќе биде опомената, но доколку повторно ги повторува истите работи,во тој може да добие БАН на одреденовреме, во краен случај БАН засекогаш.(бан се смеата за навреди,пцовки,реклами..., но не и за обични опомени од друг карактер)

Член 13
Администраторите на форумот имаат право во исклучителни случаи да отстапат од овој правилник, но само ако тоа е во интерес на форумот и неговите членови.

Член 14
Админите/модераторите се едни од најголемите корисници на овој форум така да секоја нивна постапка е оправдана од самата таа причина.

Поздрав од тимот на Венчавка од соништата, искрено се надеваме на добра дружба.

Cinderella
Администратор
Администратор

Female Број на мислења : 146
Локација : Скопје

Преглед на профилот на членот http://vencavkaodsonistata.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот